Началникот на Главната медицинска управа, заслужен лекар на Русија, Сергеј Миронов, ја откри тајната за здравјето на Владимир Путин. Тој изјави дека шефот на државата поседува голема способност за работа, пред сѐ благодарејќи на својата спортска форма.
„Тој е доста посветен на спортот. Од гледна точка на медицината, Путин е помлад отколку што неговите години кажуваат. Неговиот спортски начин на живот допринесува тој да биде во исклучителна работна способност“, пренесува РИА Новости дел од интервјуто.
Сергеј Миронов нагласи дека пливањето зазема значајно место во претседателскиот живот. Путин го користи овој спорт како универзално средство за опоравување. Освен тоа, Владимир Путин користи народни средства, како што е чајот со мед, сауна и масажа, а не претпочита лекови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче