Во Русија е поднесена кривична пријава против басистот на рок групата Bloodhound Gang за сквернавење на руското знаме. Кривичниот законик на Русија за сквернавење на државното знаме предвидува казна затвор во траење од една година.
Ноќта меѓу саботата и неделата, групата брзаше да ја напушти Русија. Пред доаѓањето во Русија, за време на концертот во Одеса, басистот Џеред Хаселхоф во панталоните го стави руското знаме, а потоа го извади и фрли во публиката.
Покасно музичарот изјави дека никого не сакал да навреди, и дека таквото дело претходи на фрлање на било кој предмет во публиката за време на концертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче