Корпорацијата „Иркут“ успешно ќе ги реализира договорите со министерството за одбрана на Руската Федерација за испорака на 60 мултифункционални авиони Су-30СМ и 55 учебни авиони Јак-130, изјави за новинарите заменикот министер за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.
„Целата нарачка за 2013 година ја составуваат 18 авиони Јак-130 и 14 авиони Су-30СМ, и истите војската ќе ги добие навреме“, изјави Борисов после посетата на иркутската фабрика за авиони, која е дел од корпорацијата „Иркут“.
Според неговите зборови, воените нарачки во Русија ја обезбедуваат стабилноста и работата на претпријатието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче