За неколку месеци до почетокот на Олимпијадата во Сочи, Русија изведува дејства во стилот на „студената војна“, со што потсетува на нејзиното тоталитарно минато, пишува канадскиот весник The Globe And Mail. Како пример за тоа весникот ги наведува мерките на Москва во однос на хомосексуалците, одностно т.н. „антигејски закон“.
Министерот за надворешни работи на Канада, Џон Берд беше во право кога ги осуди таквите дејства на Кремљ, се кажува во статијата.
Весникот забележува дека рускиот министер за спорт, Виталиј Мутко минатата недела не се прославил со неговата изјава: „Никој не му забранува на спортистот со нетрадиционална сексуална ориентација да дојде во Сочи, но ако истиот почне да ја пропагандира истата, секако, за тоа ќе одговара кривично. И покрај тоа што е спортист, тој треба да ги почитува правилата и законите на државата во која доаѓа“, изјави Мутко.
Уште еден пример, според канадскиот весник, е Едвард Сноуден. Како што забележуваат авторите на статијата, Сноуден доби привремен азил во Русија на истиот ден кога од The Guardian беа објавени неговите нови информации.
Освен тоа, Русија продолжува да го поддржува сирискиот претседател Башар Асад, се забележува во статијата.
После сите разговори за геополитичката важност на Кина и за силата со која се развиваат економиите на Индија и Бразил, важно е да се спомне и за другите сериозни играчи на светската арена со кои треба да се соочиме, пишува весникот. „Според последниве недели и месеци, старата мечка е жива и клоца“, заклучува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче