Американскиот бенд Bloodhound Gang e протеран од Русија

На Интернет се појави снимка на која бас-гитаристот од Bloodhound Gang, Џеред Хеселфоф си го брише задникот со руското знаме за време на настапот во Одеса. Според снимката, инцидентот се случил на крајот на јули во клубот „Ибица“ во Одеса.

На Интернет се појави снимка на која бас-гитаристот од Bloodhound Gang, Џеред Хеселфоф си го брише задникот со руското знаме за време на настапот во Одеса. Според снимката, инцидентот се случил на крајот на јули во клубот „Ибица“ во Одеса. Групата требаше да настапи на фестивалот „Кубана“, кој се одржува во Краснодарскиот крај. Меѓутоа, веднаш после инцидентот нивниот настап е откажан, и упатено им е барање што побрзо да ја напуштат територијата на Русија.

Членовите на американската група се извинија, но тоа не влијаеше многу на жителите на Русија. Револтираната младина во знак на протест ги исвирка рокерите и ги гаѓаше со домати и расипани јајца на помошниот излез на еден од хотелите. На аеродромот во Анапа тие беа на паднати од Казаците пред да тргнат накај Москва. Од Москва тие итно заминаа во САД.

Руските политичари предлагаат после овој инцидент да им се забрани на членовите на оваа група влез на територијата на Русија. Дури и жители од САД, коментирајќи ја оваа случка, го окарактеризираа испадот како глупав, и како нешто за што треба да бидат казнети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња