Жешката линија Вашингтон-Москва беше создадена во 1963 година, веднаш после завршувањето на Карипската криза, кога на Американците им требаа цели 12 часа за дешифрирање на пораката на Никита Хрушчов наменета за Џон Кенеди.
За оваа линија има многу митови, еден од кој е митот за нејзиното име. На почетокот немало никаква директна врска. На почетокот сите пораки кои ги разменувале шефовите на државите биле текстуални, а телефонот почнал да се користи во почетокот на 70-те години.
Оваа линија одамна не се користи (сега претседателите разговараат директно по телефон), но истата е во одлична состојба.
Првото пробно писмо по оваа линија е испратено на 30 август 1963 година. Американците испратиле во Москва порака со содржина „Брзата кафеава лисица скокна преку грбот на мрзливото куче“ ("The quick brown fox jumped over the lazy dog’s back"). Линијата се користела активно за време на арапско-израелската војна во 1967 година, кога биле испратени околу 20 пораки.
Реган и Горбачов се последните раководители кои ја користеле оваа линија. Во 1991 година била овозможена директна телефонска линија по која разговарале Борис Елцин и Џорџ Буш-постариот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче