Првото патување околу светот со хеликоптери во историјата на Русија започна на 2 август. Патниците треба за 42 дена да поминат пат од над 40.000 километри. Пилотите сакаат да ја прелетаат Европа, да го пресечат Атлантикот, да дојдат до САД и Канада, а потоа да ја поминат Алјаска и Чукотка, пренесува РИА Новости.
Пилотите изјавија дека целта на нивното патување е на луѓето да им се докаже дека небото нема граници.
„Луѓето поставија граници на земјата. Но кој може да го ограничи небото? Небото припаѓа на целото човештво! Ако можам да прелетам над вашата куќа, зошто да не можам да прелетам над куќата на мојот сосед со кој ја делам планетата?“, истакна водачот на експедицијата, пилотот Михаил Фарих.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче