The Wall Street Journal: Зошто Владимир Путин реши да им покаже на САД среден прст? Затоа што му се може

„Ние сме крајно разочарани“, изјави портпаролот на Белата куќа, кога Москва му даде политички азил на Едвард Сноуден.

„Ние сме крајно разочарани“, изјави портпаролот на Белата куќа, кога Москва му даде политички азил на Едвард Сноуден. Многу учтив и резервиран коментар. Вашингтон се судри со најголемата пропаст во своето разузнавање, еднаква на онаа на Розенберг пред 60 години, кога Сталин ги доби нуклеарните тајни на САД. А сега Русите ги добија дисковите на Сноуден каде има доста тајни, повеќе отколку што можат цели чети шпиони да украдат.  

Во рацете на Путин се најдоа безброј многу материјали, со кои тој може да ги стави САД во непријатна позиција. Сега Путин нив може да објавува постепено, по избор, вадејќи ги еден по еден. Тој може дури и да го уценува Вашингтон, за да овој се однесува мирно, спокојно.

Зошто Владимир Путин реши да им покаже на САД среден прст, играјќи шест недели детски игри околу Сноуден? Затоа што му се може. Тој го процени Обама и реши дека во него нема ништо особено... посебно ако се процени изјавата на претседателот Обама околу Бенгази.

Рускиот лидер ги проценува слабите точки кај Обама уште од времето на неговата инаугурација во 2009 година. На почетокот тоа го правеше со недоверба, а потоа сѐ посамоуверено и подло. Сѐ започна со говорот на Обама во Каиро во јуни 2009, кога тој учтиво и пријатно зборуваше за Блискиот Исток, вклучувајќи го и Иран. После неколку месеци Белата куќа се повлече пред Русите за прашањата околу ракетниот штит, иако Американците претходно јаросно го бранеа истиот. Москва доби, а САД изгуби по тоа прашање, што е недопустливо во политиката на големите држави.

Кремљ исто така забележа дека Обама практично се откажа од воената варијанта за решавање на проблемот со иранската програма за нуклеарно оружје. Тоа го забележа и режимот во Иран, па затоа тој сѐ уште ги „мачка очите“ на американското раководство. Во Либија САД „раководеа одзади“, а во Сирија тие воопшто и не раководат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња