Русија го одбележа најстариот професионален празник во земјата

Преку милион граѓани на Русија на 4 август го одбележаа својот професионален празник - Денот на железничарот.

Преку милион граѓани на Русија на 4 август го одбележаа својот професионален празник - Денот на железничарот. Тоа е најстариот професионален празник во земјата, а за прв пат е одбележан на 9 јули во 1896 година, кога е воведен како таков од тогашниот министер за сообраќај на Руската империја.

На тој ден е прославен и роденденот на императорот Николај I, во чие време беше изградена првата железничка линија до Царското село, како и линијата Петербург - Москва. Кога болшевиците дојдоа на власт во 1917 година празникот е укинат, а потоа повторно воведен во 1936 година, кога советските железничари постигнале големи успеси. Тогаш е донесена одлука во првата недела во август да се одбележува Сесојузниот ден на железничкиот сообраќај во СССР.

Без разлика на својата историја, подолга од еден век, празникот традиционално се одбележува на ист начин. Народното славење и концерти се одбележуваат во сите градови кои се поврзани со челичните магистрали, а на многу станици има и дувачки оркестри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња