Путин рече со што е незадоволен во Русија

Владимир Путин им рече на учесниците на младинскиот форум „Селигер 2013“ со што е незадоволен во Русија - недоволно ефикасната борба против корупцијата и квалитетот на работа на државниот апарат и политичкиот систем.

„Има многу проблеми со чие решавање сум незадоволен. Првото прашање и првиот проблем е борбата против корупцијата, која го разјадува нашето општество и државниот систем“, одговори претседателот.

Путин е исто така незадоволен од ниските приходи на граѓаните и недоволната развиеност на инфраструктурата. „Тука има уште многу прашања кои се однесуваат на регионалниот развој“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња