Со гласање преку Интернет Муромскиот мост преку реката Ока, кој ја поврзува Владимирската и Нижегородската област, е прогласен за најубав во Русија.
Пилонскиот мост е долг еден 1,5 километри и е широк 15 метри. Истиот беше отворен од Владимир Путин на 1 октомври 2009 година.
Мостот е дел од обиколницата околу градот Муром и ја поврзува Владимирската област со Башкортостан, Мордовија, Татарстан и југозападните региони во Нижегородската област. Кога е ветровито се чини дека мостот „пее“ поради шуплините во конструкцијата.
Соопштено е дека на главниот пилон на мостот наскоро ќе биде поставена табла со натпис „Победник на серуското гласање за најубав мост во Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче