Во Република Кома е украден пат

Во Република Кома, на рускиот Краен Север, уапсен е жител на Сиктиквар поради кражба на 82 плочи армиран бетон со кои бил поплочен патот до реката.

Во Република Кома, на рускиот Краен Север, уапсен е жител на Сиктиквар поради кражба на 82 плочи армиран бетон со кои бил поплочен патот до реката. Како што пренесува агенцијата Регнум, со помош на дигалка тој ја демонтирал бетонската прекривка од селото Парчег до реката Вичегда. Украдените бетонски плочи ги натоварил во три товарни камиони. Вредноста на украдениот материјал изнесува преку 300.000 денари.

Претставниците на државната инспекција ги пресретнале камионите со бетонските плочи во населбата Зеленец. Се покажало дека возачот ја немал потребната документација за товарот кој го носел. Возачот, кој и порано бил познат како извршувач на кривични дела, е приведен во полицијата, каде ја признал кражбата на бетонските плочи. Против него ќе биде подигната кривична постапка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња