Претседателот на Русија, Владимир Путин, кој се наоѓа во посета на форумот „Селигер“, изјави дека правилата за ограничување на Интернетот ќе бидат преосмислени. Ова го пренесува „Интерфакс“.
Претседателот предупреди дека со ограничувањата на Интернет „треба да се постапува крајно внимателно“. Тој ги спомна како пример САД и Велика Британија, каде се предвидени „казни во случај на нарушувања на Интернет“.
Путин се согласи да се задржи правото за блокирање на интернет-страниците кои содржат пропаганда за екстремизам, педофилија, самоубиство или наркотици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче