Откако Шојгу е на нејзино чело, за руската армија се создаваат редици

Сергеј Шојгу е првиот руски министер за одбрана во новата историја, кој за време на својот мандат предизвика пад на бројот на оние кои ја избегнуваат војската.

Сергеј Шојгу е првиот руски министер за одбрана во новата историја, кој за време на својот мандат предизвика пад на бројот на оние кои ја избегнуваат војската. И не само тоа, бројот на неодговорни или „болни“ регрути драстично опадна, а за научните и спортските чети се создаваат редици, наведуваат генералите во Министерството за одбрана на Русија, коментирајќи ги резултатите од регрутацијата во пролетниот воен рок. Планот за првата пролетна регрутација за време на мандатот на Шојгу е 100% исполнет.

Според тоа, генерал-полковник Василиј Смирнов, кој инаку е задолжен за регрутација, изјави за агенцијата РБК дека во руската армија за прв пат се повикани странци кои претходно служеле војска во својата татковина, но решиле да добијат руско државјанство.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња