Државните проверки на новите борбени возила и оклопни транспортери за Воздушно-десантната војска (ВДВ) на РФ треба да бидат завршени до крајот на следната година. После тоа би требало да се започне со сериска испорака на воена техника во единиците, изјави за РИА Новости командантот на ВДВ на РФ и херој на Русија, генерал-полковник Владимир Шаманов.
„Добивме гаранции од фабруката дека во првата половина од следната година конечно ќе ги добиеме сите десет возила БМД-4М и десет повеќенаменски возила „Ракушка“, по што ќе започнеме со државните испитувања. Врз основа на тоа планираме до крајот на следната година да завршиме со поголемиот дел од официјалните проверки, а со тоа да преминеме на набавка на големи партии од овие возила за нашите единици“, истакна тој.
Според зборовите на командантот на ВДВ на РФ, првите два оклопни транспортера фабриката треба да ги испорача во септември годинава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче