Басистот на познатата американска рок-група Bloodhound Gang за време на концертот во Одеса си го избриша газот со руското знаме. „Немојте да му кажете на Путин“, рече Џаред Хасехоф, го стави знамето во панталоните, го провлече низ нозе и го фрли во публиката. Потоа се оправдуваше дека постои традиција „сѐ што се враќа во публиката мора да помине низ нозете на басистот“.
После инцидентот веднаш се откажа настапот на групата на фестивалот „Кубана“ во Анапа.
Претставникот на истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин, изјави дека за однесувањето на Хаселхоф постои член 329 во Кривичниот законик на Русија за непочитување на државното знаме на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче