Главниот проект на НАСА во наредните пет години е лет и спуштање на Марс, изјави за „Гласот на Русија“ главниот историчар на НАСА, Вилијам Бари, по повод 55 годишнината од создавањето на американската вселенска агенција.
„Ние се надеваме дека Русија ќе ни се придружи во „марсовскиот“ проект. Засега премногу се задржуваме и се занимаваме со суборбиталните летови. Тоа е актуелно за космичкиот туризам и е важно од комерцијална гледна точка. И овде ние соработуваме со Русија. Русија поседува големо искуство во создавањето на добри вселенски бродови. Во моментов само со руските бродови може да се лета во орбита“, изјави Бари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче