Руските граничари добиваат нови екраноплани „Стерх 10“

Пограничната служба на ФСБ Русија треба да добие нови екраноплани „Стерх 10“.

Пограничната служба на ФСБ Русија треба да добие нови екраноплани „Стерх 10“ кои по налог на Министерството за индустрија и трговија на Русија ги создава компанијата „Орион“. Новите летала ги очекува Владата на Република Саха (Јакутија) која е намерена да ги користи модифицираните авиони во арктички услови.

Прототипот на новиот екраноплан моментално се наоѓа во фаза на припрема за спуштање во вода и за изведување на неговиот прв лет. Испитувањата се планирани за август 2013. Масата на новото летало, кое може да превезе до 20 лица, изнесува 10 тони. „Стерх 10“ може да лета на висина од 6 метри користејќи го ефектот со џеб од воздух, но неговиот најефикасен лет е на висина од 0,8 до 1,5 метри. На таа висина ефектот со џеб од воздух е максимален.

Новиот екраноплан може да развие брзина од 250 километри на час. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.