Рускиот „Уралкајлиј“ влијае на поевтинувањето на ѓубривата

Руската компанија „Уралкалиј“ соопшти дека го напушта светскиот картел на произведувачи на калиум хлорид. Компанијата сака што поскоро да ја промени стратегијата и максимално да го зголеми обемот на производство, објави порталот vz.ru.

Големите произведувачи на калиумски вештачки ѓубрива претходно плански ги намалуваа испораките за да се одржат високите цени на производите. Меѓутоа „Уралкалиј“ отсега ќе ги произведува и продава своите производи по намалени цени. Резултат од ваквиот чекор ќе биде пад на вредноста на акциите на произведувачите на калиум во целиот свет.

Падот на цената на вештачките ѓубрива ќе им овозможи на земјоделците да ги намалат трошоците за производство, што ќе биде мотив за зголемување на приносите на земјоделските култури, а со самото тоа и пад на цената на храната на светскиот пазар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња