Руската Централна банка ги даде најновите податоци за интервенциите во јули. Според соопштението, Централната банка на Русија во јули продала 4,2 милијарди долари и 374 милиони евра - максимална вредност од октомври 2011 година.
Ситуацијата на валутниот пазар во Русија е напрегната. Завчера Централната банка на Русија продаде дополнителни 300 милиони долари, што означува дека руската рубља има потреба од сериозна поддршка. Летната сезона создава дополнителни тешкотии за руската валута.
Курсот на рубљата паѓа и покрај високите цени на нафтата, кои деновиве се движат околу бројката од 108 долари за барел. Намалувањето на курсот на фонот на благопријатните услови за нејзино јакнење означува дека има одлив на капитал од земјата, се кажува во соопштението на компанијата „Алфа-форекс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче