Роспотребнадзор (Федерална служба за заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот) уште годинава може да започне со реализација на првиот серуски проект за тестирање хомосексуалците и проститутките за ХИВ. „Ситуацијата е многу сериозна, и, за жал, се намали финансирањето на профилактичките акции. Во мината година беа дадени 600 милиони денари за пропаганда за секс без опасност од пренесување на венерични болести, наркоманија и сл., додека годинава само 300 милиони денари се дадени за иститата намена“, изјави за „Известија“ шефот на Федералниот центар за борба со СИДА-та, Вадим Покровски.
Според мислењето на академикот, за борбата со СИДА-та во Русија треба да се создаде специјален државен орган или оддел во една од институциите. Во моментов со таа дејност се занимава Министерството за здравство, додека Роспотребнадзор врши контрола и го набљудува темпото на ширење на ХИВ/СИДА.
Господинот Покровски исто така забележа дека денес во Русија има регистрирано 600.000 ХИВ инфицирани, а само минатата година нивниот број се зголеми за 70.000. Според оценката на Вадим Покровски, за федералното испитување на хомосексуалците и проститутките за ХИВ ќе бидат потрошени само неколку милиони денари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче