Претседателот на Русија, Владимир Путин, ѝ наложи на владата до 1 ноември да ги поедностави процедурите и да ги скрати роковите за издавање виза на странските туристи, како и да го разгледа прашањето за развој на достапна и комфорна туристичка средина.
Во Русија, меѓу другото, ќе биде создаден единствен систем за навигација и информација за ориентација на туристите, раширена мрежа на хотели кои одговараат на меѓунардните стандарди.
Освен тоа, можно е наскоро во Москвоската област да се појави забавен парк во стилот на „Дизниленд“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.