Министерството за комуникација и врски заедно со Федералната царинска служба (ФЦС) и „Поштата“ создаваат план за премин на деноноќен режим на работа, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на заменикот министер за врски, Михаил Евраев.
Во моментов 24 часа работат само неколку одделенија на „Поштата“ во Русија. Исто така, се создава план за брзо реагирање за време на новогодишните празници.
Евраев исто така соопшти за плановите за намалување на времето кое е потребно за едно писмо да пристигне до адресатот. Во моментов пратки во рамките на еден ист град во Русија пристигнуваат во рок до 7 дена, додека до 2018 година треба овој период да се намали до два дена. Рокот на испорака на пратки меѓу руските градови планирано е да се намали од 10 на 5 дена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче