Медведев: новиот претприемачи две години нема да мора да плаќаат данок

Од следната година било кој руски индивидуален претприемач кој за прв пат регистрира бизнис, ќе биде ослободен од сите даноци во траење од две години.

Од следната година било кој руски индивидуален претприемач кој за прв пат регистрира бизнис, ќе биде ослободен од сите даноци во траење од две години. Премиерот Дмитриј Медведев нареди оваа идеја што побрзо да биде спроведена. Таа е одобрена од сите министерства, изјави заменикот министер за економски развој, Сергеј Белјаков.

Таа мера е одговор на масовното заминување на законските претприемачи, објаснува вице-претседателот на „Деловна Русија“, Александар Галушка: од почетокот на годината поради зголемувањето на вредноста на осигурувањето, од регистарот се одјавија 450.000 луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.