Владата на Естонија го одобри естонско-рускиот договор за трансгранична и погранична соработка.
Основната точка на договорот се однесува на пограничниот транспорт и превоз на стока, развој на инфраструктурата на граничните премини, соработка во зачувувањето на животната средина, соработка во областите на економијата, науката, технологијата, заедничко користење на природни богатства, соработка во случај на пожари и вонредни ситуации.
Со документот се опфаќаат како регионите покрај границата, така и тие кои се подалеку од неа.
Естонија има слични договори со Финска и Полска, а Русија со Литванија и Летонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче