Во Русија за прв пат се одбележува Денот на сеќавање на руските војници кои загинаа во Првата светска војна

Денот на сеќавање на руските војници кои загинаа во Првата светска војна за прв пат се одбележува во Русија на 1 август.

Денот на сеќавање на руските војници кои загинаа во Првата светска војна за прв пат се одбележува во Русија на 1 август. Претседателот на Државната Дума, Сергеј Наришкин во име на државата положи венец пред споменикот на „Загинатите во Светската војна од 1914-1918“ во Москва, пренесува ИТАР-ТАСС.

Руските парламентарци есента во 2012 поднесоа иницијатива за одбележување на овој датум. Во прашање е денот кога руската империја влезе во Првата светска војна - Германија објави војна на Русија имено на 1 август 1914.

Воените загуби на Руската империја во таа војна, според различни податоци, изнесуваат околу 2 милиона луѓе, а вкупните човечки жртви достигнуваат 3,5 милиони луѓе. За Руската империја учеството во Првата светска војна е завршено со револуција, која подоцна премина во граѓанска војна, а заврши потпишувањето на одделен мир со Германија, поради што земјата се најде меѓу губитниците во таа војна. Во советско доба па се до неодамна Првата светска војна се сметаше за една од заборавените војни за кои во јавноста се посветуваше многу малку внимание. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.