Деветтиот меѓународен фестивал за словенска култура „Славјанск-2013“, кој ќе се одржи во градот Кубањ во Русија, ќе ги собере учесниците од осум земји, пренесува прес-службата на губернаторот на Краснодарскиот крај.
На сцената ќе се претстава 230 гости од Белорусија, Чешка, Словачка, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, а исто така претставници од различни региони во Русија.
„Фестивалот има слободен формат, и освен словенската, ќе биде претставена и културата на целиот југ на Русија“, се пренесува во соопштението од губернаторот.
Фестивалот ќе заврши на 4 август. Тој е организиран со поддршка на министерството за култура на Русија и Краснодарскиот крај, како и од администрацијата на регионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче