Кога најпопуларната социјална мрежа „ВКонтакте“ ќе освои 70% од рускиот пазар, нејзиното раководство ќе се сосредоточи на проширување и на светскиот пазар. Ова го изјави еден од основачите на таа компанија, Павел Дуров веднаш откако ги објави на својата страница последните податоци за активноста на корисниците на социјалните мрежи, засновани на анализите на компанијата "comScore". Според статистиката, посетите на мрежата „ВКонтакте“ во периодот помеѓу јуни 2012 и јули 2013 во Русија пораснале за 22%, а во светот за дури 24%. Во истиот период популарноста на "Facebook" во Русија падна за 18%, додека во светот е забележана стагнација.
Според податоците на компанијата "comScore", онлајн заедницата „ВКонтакте“ ја користат 58% од корисниците на социјалните мрежи, пренесува агенцијата РБК. На прашањето: кога ќе се постигнат очекуваните 70%? - претставниците на социјалната мрежа одговорија: „Наскоро!“. Досега се регистрирани во „ВКонтакте“ вкупно 218 милиони корисници, а сервисот е достапен на 70 јазици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче