САД сакаат итен разговор со Русија за Сноуден

Џеј Карни изјави дека Америка и понатаму ќе бара екстрадиција на поранешниот агент на ЦИА.

Американските власти сакаат денес да ја разгледаат со Русија ситуацијата во врска со доделувањето на политички азил на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, како и да разговараат за преговорите на министрите за одбрана и надворешни работи на САД и Русија, изјави претставничката на државната администрација, Мари Харф.

Нешто порано со коментари околу Сноуден зборуваше и портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, кој изјави дека Америка и понатаму ќе бара екстрадиција на поранешниот агент на ЦИА.

Истовремено Карни подвлече дека САД ги сметаат за доста важни односите со Русија и дека сакаат и понатаму да соработуваат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња