Русија ѝ предложи на Јапонија заеднички да допринесат во развојот на Јужните Курили

Русија ѝ предложи на Јапонија заеднички да дадат допринос во развојот на Јужните Курили во склад со законодавството на Русија.

Русија ѝ предложи на Јапонија заеднички да дадат допринос во развојот на Јужните Курили во склад со законодавството на Русија за да се дојде до решение околу проблемот со суверенитетот над четирите острови од Курилскиот архипелаг, пренесува јапонската агенција „Кјото“, а пренесува РИА Новости.

Според податоците на јапонската агенција, идејата за заеднички развој на островите, кои од 1945 година се во состав на Руската Федерација, ја изнел заменикот министер за надворешни работи на Русија, Игор Моргулов за време на состанокот со заменикот министер за надворешни работи на Јапонија, Мацујами Масаџи, одржан на 20 јуни во Санкт Петербург.

Според зборовите на соговорникот на новинската агенција, Јапонија таквиот предлог го одбил, бидејќи „неговото прифаќање би значело признавање на суверенитетот на Русија над спорните острови“. Јапонија ја повика Москва повторно да го разгледа овој предлог. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња