Руските власти се подготвени да преземат ригорозни мерки за случаите на незаконско екстрадирање на граѓани на Русија во САД од територијата на трети земји под изговор дека ги прекршиле американските закони. Ова го пренесе овластениот претставник на Министерството за надворешни работи за човекови права, демократија и владеење на правото, Константин Долгов.
„Категорично се противиме на нелегалното екстрадирање на руски граѓани на територијата на САД, бидејќи тоа е незаконско од гледна точка на меѓународното право“, изјави Долгов.
„Тоа е многу сериозна ситуација и неа мораме како таква да ја разгледуваме и соодветно да реагираме, објасни Долгов, коментирајќи го апсењето на рускиот државјанин Дмитриј Устинов на аеродромот во Вилнус, кој САД го сомничат за криумчарење на стока за воена намена, пренесува агенцијата РИА Новости. Окружниот суд во Вилнус ја одобри екстрадицијата на Устинов во САД, каде може да добие затворска казна до 20 години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче