Кучерена: Сноуден засега не планира да ја напушта Русија

Засега поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден нема планови да ја напушти Русија, изјави неговиот адвокат, Анатолиј Кучерен.

Засега поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден нема планови да ја напушти Русија, изјави неговиот адвокат, Анатолиј Кучерен.

Одговарајќи на прашање за телеканалот „Вести-24“ за тоа дали Едвард Сноуден се откажал од идејата да побара политички азил во Латинска Америка, Кучерена изјави: „Тој има семејство. Денес-утре јас ќе завршам со пишувањето на поканата за таткото на Едвард, после што тој ќе може да дојде во Москва и да разговараат околу тие прашања“.

„Што се однесува до понатамошните планови, Сноуден има слобода да решава сам. Засега тој ќе остане на територијата на Русија, а што понатаму ќе прави - дали ќе оди во Европа или Америка - самиот нека си решава за тоа. Засега јас не можам да кажам какви планови тој има“, додаде Кучерена.

Адвокатот подвлече дека додека се наоѓал во аеродромот, Сноуден никому не предал никакви документи. Документите кои биле објавени во The Guardian биле предадени уште додека тој се наоѓал во Хонгконг.

„Русија му покажа на целиот свет, дека и покрај тоа што имаме притисок од целиот свет, ние исполнивме една хумана мисија во однос на американскиот граѓанин кој се најде во тешка ситуација. Да, сигурно ќе има санкции, но ние не треба да се плашиме од тоа. Уште полошо ќе беше ако дозволиме нарушување на правата на човекот“, подвлече Кучерена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.