Приватната нафтена компанија „Лукоил“ потврди дека пронајде нафта на територијата на Пермскиот крај, пренесува „Прајм“.
Нафтата под земјата е пронајдена како резултат на геофизичките истражувања во тој регион. Сега ќе се подготват почетните подготовки за оценка на тоа колкава количина нафта се наоѓа под земјата.
„Во суштина ние сме на прагот на откривање на нов извор на нафта. Ние сметаме дека резервите овде се поголеми од 4 милиони тони. Финалната цифра ќе ја соопштиме за неколку месеци“, изјави генералниот директор за геологија во компанијата, Сергеј Черепанов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче