Изградбата на брза пруга која ќе ги поврзи Москва и Казањ ќе започне во 2015 година и ќе ја чини Русија речиси 23 милијарди долари.
Изградбата ќе започне во 2015 - решено е во Кремљ. Предвидено е картата за патување по таа железница да чини околу 6.000 денари. За исплатливоста на проектот не се ни поставуваат прашања. Според некои експерти, поевтино би било да се создадат авио-фирми кои евтино ќе превезуваат патници меѓу двата града.
Владимир Путин официјално го одобри почетокот на изградбата на оваа мега-скапа железница. Роковите за реализација на проектот исто така ќе бидат предмет на разговор на следните состаноци меѓу Путин и Владата на Русија. Според зборовите на Путин, возможно е во перспектива железничката пруга да биде продолжена од Казањ до Краснојарск.
Досега меѓу Москва и Казањ возовите сообраќаа во просек околу 14 часа (должина на трасата 800 км.). Со новата пруга тие ќе сообраќаат за само 3,5 часа. Возовите ќе се движат од 200 до 400 километри на час.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче