Идната адреса на Сноуден не е позната

Адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена, не соопшти дали неговиот клиент ќе остане да живее во Москва или не.

Адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена, не соопшти дали неговиот клиент ќе остане да живее во Москва или не.

„Ние не можеме да им кажеме на сите каде тој ќе живее, како тој ќе живее, бидејќи тоа е тесно поврзано со неговата  безбедност“, изјави Кучерена за телевизискиот канал „Вести-24“.

„Потребен е период за адаптација. Тие услови во кои тој се наоѓаше може да се споредат со домашен притвор. Претставете си само, секојдневно тој слушал: почитувани патници, слета авионот од Њујорк, Вашингтон, Рим... Во такви услови тој постојано живееше. Процесот на рехабилитација, адаптација ќе биде долг, затоа што тој се измори, морално се измори“, додаде адвокатот.

Кучерена забележа дека статусот на привремен бегалец може и да се продолжи.

„Според законот тој статус може да се продолжи. И после пет продолжувања тој може да побара руско државјанство“, додаде Кучерена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња