Москва доби предлог од Грција да учествува во приватизацијата на грчкиот железнички оператор. Активите можно е да бидат интересни за Русите кои сакаат да ги развиваат сообраќајните пристапи меѓу Европа и Азија, сметаат експертите.
Документите за учество на тендерот треба да бидат пратени до 16 септември. Планирана е приватизација на 100% од компанијата TrainOSE.
Учеството во овој тендер ќе биде шанса за „Руската железница“ да си пробие пат за транспортен коридор кој ќе ги заобиколи Босфорот и Дарданелите, изјави директорот на одделот за оценка и финансиско моделирање на FCG, Андреј Фиљков.
Според информациите од руските медиуми, освен TrainOSE, „Руските железници“ ја разгледуваат и можноста за купување на едно од солунските пристаништа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче