Боливија склучи со „Гаспром“ и француската компанија „Тотал“ договор за истражување и експлоатација на нафта од наоѓалиштето во Асеро, пренесува ИТАР-ТАСС.
Претседателот на Боливија, Ево Моралес изјави дека сличните проекти во енергетската сфера „и понатаму ќе ја засилуваат националната економија“. Како што забележа тој, „за Боливијците и Латиноамериканците е многу важно присуството на Русија од гледна точка на инвестициите и соработката, што делува превентивно од други надворешни групи во регионот“.
Моралес спомна дека до самата национализација на природните ресурси во Боливија во 2006 година, странските компании практично владееле со сите наоѓалишта на природни ресурси. Но „Гаспром“ и „Тотал“, според неговите зборови, се партнери на Боливија, а не „стопани и сопственици“.
Наоѓалиштето Асеро има површина од 785.000 хектари и се наоѓа го реонот помеѓу Чукисака и Санта-Круз. Во февруари 2009 година „Гаспром“ и боливиската државна компанија ИПФБ потпишаа договор за создавање на шема за развој на гасниот сектор во Боливија до 2030 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче