Бољшој театарот повторно го покорува Лондон

Бољшој театарот го започна своето гостување во Лондон со балетот „Лебедово езеро“. До 17 август руските балетани ќе го покажат најдоброто од себе на сцената на Ковент-Гарден.

Бољшој театарот го започна своето гостување во Лондон со балетот „Лебедово езеро“. До 17 август руските балетани ќе го покажат најдоброто од себе на сцената на Ковент-Гарден.

Гостувањата на Бољшој театарот е една од најочекуваните случки во лондонското лето. За прв пат руските балетани излегоа на сцената на „Ковент-Гарден“ во 1965 година, и учесниците на тоа легендарно гостување досега се сеќаваат како ги пречекаа граѓаните на Лондон. Веќе актерите од Бољшој се чувствуваат во Лондон како дома - ова им е шеста посета од почетокот на овој век, што е доволно за да се дознае кои се вкусовите на публиката.

Картите за сите претстави на Бољшој театарот во Лондон се продадени само неколку мигови откако официјално беа пуштени во продажба. За време на престојот во Лондон, Русите ќе имаат претстави речиси секој ден, и тоа по два пати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња