За време на несанкционираната акција на Трумфалниот плоштад во Москва задржат е водачот на партијата „Друга Русија“, Едуард Лимонов, јавува дописник од Московски новости.
Лимонов одел кон Триумфалниот плоштад опкружен со новинари. На 100 метри пред плоштадот тој бил задржан од полицајците.
Покасно се задржани уште неколку луѓе кои вееле знамиња и извикувале пароли. Сите биде одведени во полициско возило, кое до објавувањето на веста сѐ уште не било заминато кон полициската станица.
Да потсетиме дека Едуард Лимонов е познат руски писател, водач на националболшевичката партија, а на Балканот е познат по тоа што во 1992 година, по повик од Радован Караџиќ - дојде на местото каде се наоѓала српската војска во Босна и Херцеговина и пукал кон Сараево.
Водачот на „Друга Русија“ на секој 31-ви во месецот ќе доаѓа на Триумфалниот плоштад на несанкционирано собирање во знак на протест против членот 21 од рускиот Устав, со кој се предвидува сите собирања на јавни места претходно да бидат најавени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче