Сноуден доби политички азил во Русија и го напушти Шереметјево

Со привремен азил во траење од една година, Сноуден го напушти Шереметјево.

Сноуден доби документи за привремен азил во траење од една година и со тоа можност да го напушти аеродромот Шереметјево, каде беше практично „заробен“ повеќе од еднен месец.

Новото живеалиште на поранешниот вработен во американската агенција за безбедност, кој ја откри аферата со прислушкување на комуникациите, засега е тајна. Адвокатот на Сноуден, Анатоли Кучерена, денес информираше дека руските власти му доделиле привремен, едногодишен азил на поранешниот работник под договор на американското разузнавање, и тој го напуштил аеродромот во рок од неколку часа откако ги добил документите.  Според адвокатот, Сноуден заминал на тајна и безбедна локација.
 
Дозволата за Сноуден да влезе во Русија би можела да ја зголеми напнатоста меѓу Москва и Вашингтон.  Американскиот претседател Барак Обама веќе побара од рускиот колега Владимир Путин да го испорача Сноуден, но тој одби.  САД изразија незадоволство поради таквата одлука.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.