Сенатот на САД му забрани на Пентагон да ги купи руските хеликоптери наменети за Авганистан

Членовите на комитетот на Сенатот на САД за буџетска распределба гласаа за намалување на средствата наменети за купување на руските воени хеликоптери Ми-17.

Членовите на комитетот на Сенатот на САД за буџетска распределба гласаа за намалување на средствата наменети за купување на руските воени хеликоптери Ми-17, кои би требало да бидат искористени во Авганистан. Со оваа одлука е предвидена забрана за соработка меѓу Министерствата за одбрана на САД и „Рособоронекспорт“, пренесува порталот vz.ru.

Освен средствата наменети за купување на руската техника, намалувањето ќе ги опфати и средствата во висина од 416,8 милиони долари наменети за купување летала за војниците во Авганистан. Причината за преземањето на ваквите мерки не се наведува.

Русија и САД на 17 јуни потпишаа договор за испорака на Ми-17 во Авганистан. Заменикот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михејев претходно изјави дека според договорот треба да бидат испорачани 30 хеликоптери. Во Пентагон и понатаму тврдат дека хеликоптерите се неопходни за операциите во Авганистан, бидејќи треба да ја осигурат националната безбедност после повлекувањето на странскиот воен контингент.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња