Министерството за одбрана на Русија припрема систем за неутрализирање на биолошки напади

Кон крајот на наредната недела руската војска треба да добие систем за неутрализирање на смртоносните вируси и бактерии.

Кон крајот на наредната недела руската војска треба да добие систем за неутрализирање на смртоносните вируси и бактерии. Министерството за одбрана на Русија по започна развивањето на ваков систем со цел да се заштити од случајно или злонамерно ширење на инфекција. Испитувањата ќе се вршат во воените установи кои во советско време служеа за развој на биолошко оружје, пренесува „Известија“.

Планирано е конкретно да се создаде напреден компјутерски центар кој ќе може за еден час да анализира ДНК од било која бактерија или вирус, да развие вакцина која ќе може да го неутрализира изворот на инфекцијата, а потоа да го организира нејзиното производство. Тој систем ќе работи врз основа на база на податоци за смртоносни вируси и бактерии со опис на неопходните препарати за нивно неутрализирање, а воедно ќе ги обработува податоците за биолошки опасните подрачја во објектите во земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња