Горните домови на парламентите на Русија и Словенија потпишаа договор за соработка

Заменикот претседател на Советот на Федерацијата на Русија, Јуриј Воробјов и претседателот на Државниот совет на Словенија, Митја Бервар, потпишаа Договор за соработка меѓи горните домови на парламентите на двете земји.

Како што наведе Воробјов после официјалната церемонија, потпишаниот документ „отвора нови можности за соработка на нашите земји на меѓупарламентарна основа“. Благодарејќи на овој договор, на нов начин ќе може да се прошири соработката меѓу комитетот на Советот на Федерацијата на Русија и комитетот на Државниот совет на Словенија“, истакна тој.

Јуриј Воробјов ја предводи руската делегација на свеченостите кои овие денови се одржуваат во Словенија во склоп на традиционалните годишни средби на претставниците на руската и словенечката заедница.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња