WP: бојкотот на руската вотка тешко дека ќе ја подобри ситуацијата на хомосексуалците во Русија

Бојкотот на руската вотка тешко дека ќе ја подобри ситуацијата со правата на хомосексуалците во Русија, пишува The Washington Post.

Бојкотот на руската вотка тешко дека ќе ја подобри ситуацијата со правата на хомосексуалците во Русија, пишува The Washington Post. Како што пишува весникот, во акцијата за бојкот на руската вотка се присоединиле геј-баровите во САД, Канада, Велика Британија и Австралија. Сепак, според мислењето на изданието, производителите на руска вотка се доста големи марки, и загубата за нивниот бизнис нема да биде голема.

Но дури и ако се случи тоа, самите алкохолни компании немаат големо политичко влијание во Москва, ниту економско значење за Русија, се кажува во статијата.

Активистите напомнуваат дека бојкотот на вотка нема да ја измени руската политика, смета весникот. Вистинската цел на акцијата, како што напиша нејзиниот иницијатор Ден Севиџ, се состои во тоа да се демонстрира солидарност до руските хомосексуалци и да се привлече внимание на меѓународната заедница. Сепак, како што смета изданието, постои ризик да се добие повратен одговор во самата Русија, со што може да се влоши ситуацијата на хомосексуалците таму.

Претходните обиди на Западот да извршат влијание на постсоветска Русија во областа на заштитата на правата на човекот доведувало до тоа руските лидери да земат обратен правец и да продолжат со својата политика, пишува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња