Србија и Русија ќе потпишат договор за прием на работници

Меѓу Русија и Србија наскоро ќе биде потпишан меѓувладин договор за организиран прием на работници.

Меѓу Русија и Србија наскоро ќе биде потпишан меѓувладин договор за организиран прием на работници. Ова го изјави директорот на Федералната служба за миграција на Русија, Константин Ромодановски на советувањето посветено за проблемите на имиграцијата, одржан на 30 јули во Москва.

Како што е соопштено, земјите на Европската унија исто така поднесоа пријави, но тие уште се наоѓаат во фаза на разгледување, додека договорот со Србија веќе е подготвен за потпишување. Според тоа, поедноставувањето на работничката миграција меѓу Русија и Србија ќе стапи на сила побрзо отколку со земјите од Европската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња