Санкт Петербург ја претекна Москва по растот на цените на елитната недвижнина

Санкт Петербург со побрз раст на цените на недвижнината од Москва.

Според податоците на истражувањето на Prime Global Cities Index, направено од компанијата Knight Frank, средната вредност на елитна недвижнина, според балансот за вториот квартал од оваа година во светот, порасна за 2,4%, во споредба со падот од 0,4% во првиот квартал.

Според темпото на раст, Санкт Петербург за прв пат ја надминал Москва во растот на цените на недвижнината. Елитната недвижнина поскапела во Санкт Петербуег за 15,3% до 10.000 долари за 1 квадратен метар. Во Москва 1 квадратен метар елитна недвижнина чини 23.400 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња