Повеќе од 1000 луѓе се евакуирани од телецентарот „Останкино“ поради пожар

Утврдено е дека горела просторија од само 25 квадратни метри во која имало декорации.

Повеќе од 1000 луѓе се евакуирани од зданието на кулата „Останкино“ поради пожар во една од просториите на кулата, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Повеќе од 1000 луѓе се евакуирани. Евакуацијата продолжува“, изјави началникот на московската управа на Министерството за вонредни состојби, Виктор Бирјуков.

Во текот на пожарот се прекинаа сите директни преноси и коментари на сите телевизии кои работат во телевизискиот центар.

Утврдено е дека горела просторија од само 25 квадратни метри во која имало декорации. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња