На Камчатка жител сакал да покрене тужба против Достоевски поради „Идиот“

Во Петропавловск на Камчатка одбиено е барањето за тужба против писателот Фјодор Достоевски. Тужба сакал да покрене маж кој тврдел дека писателот го натерал да користи пцости, пренесува весникот „Камчатское время“.

Во Петропавловск на Камчатка одбиено е барањето за тужба против писателот Фјодор Достоевски. Тужба сакал да покрене маж кој тврдел дека писателот го натерал да користи пцости, пренесува весникот „Камчатское время“.

Сета приказна започна во 2011 година, кога локалниот жител Евгениј Фјодорко го нарекол својот опонент во судот „идиот“. Судијата тогаш само му дала забелешка за употребениот збор. Фјодорко наишол на низа забелешки за употребата на зборот „идиот“, по што тој изјавил дека за тој збор тој дознал од истоимениот роман на Достоевски.

 „Како граѓанин на Руската Федерација и како свој долг сметам дека треба на нашите доблесни заштитници на редот и правото да им соопштам дека врз основа на изложеното во судот, барам да се покрене тужба против Фјодор Михајлович Достоевски, човек кој ме поттикна да го направам овој прекршок“, се кажува во документот.

„Земајќи предвид дека Ф.М. Достоевски почина на 28.01.1881 година, а Фјодорско Е.Н. е роден на 19.11.1960 година, Ф.М. Достоевски немал реална можност да влијае и да го поттикне Фјодорко Е.Н. да го направи овој престап по пат на било кој начин...“ се кажува во заклучоикот на локалниот суд. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња