Дизајнерите ќе создадат на Бајкалот пирамида од ѓубре оставено од туристите

Во изградбата можат да земат учество сите кои ќе пројават желба.

Пирамида од ѓубре, оставено од туристите на бајкалскиот остров Олхон, ќе биде изградена од учесниците на фестивалот за современа уметност „БајкалФЕСТ 2013“, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на зборовите на иркутскиот дизајнер Леонид Бутаков. Според неговите зборови, изградбата на пирамидата ќе трае од 1 до 10 август.

Висината на пирамидата ќе изнесува минимум 10 метри. За нејзина изградба се планира употреба на преку 5.000 ќесиња со ѓубре, собрано околу селото Хужир и на брегот на Бајкалското езеро.

Во изградбата можат да земат учество сите кои ќе пројават желба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња