Во 2012 година во Москва престојувале рекорден број на туристи. Како што пренесува Интерфакс, ова го изјави градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин за време на заседанието на градската влада. Тој уточни дека Москва во 2012 година ја посетиле 5 милиони луѓе.
„Според прогнозите, годинава ќе има за половина милион туристи повеќе“, додаде Собјанин.
Од друга страна, шефот на московскиот комитет за туризам, Сергеј Шпиљко, изјави дека во 2012 година во хотелите на главниот град престојувале 6 милиони луѓе.
Во Москва се зголемува бројот на хостели и мини-хотели. Во моментов има 235 такви места во Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче